Специјализираниот магазин за патувања Conde Nast Traveler објави листа на 22 наjпотценети градови за посета во Европа. Листата е направена според искуства на експерти за патувања и лица кои живеат во Европа и најдобро го познаваат тој регион.
„Кога станува збор за европските патувања, популарните градови како Париз и Рим имаат тенденција да се издигнат на врвот на листата за патувања на луѓето. Иако не би се осмелиле да им кажеме на патниците да прескокнат некои од најистакнатите културни и кулинарски центри во светот, Европа е полна со изненадувачки дестинации кои ќе ги надминат вашите очекувања – не само затоа што можеби никогаш не сте ги земале во предвид на прво место“, пишува Conde Nast Traveler на почетокот на статијата.
На листата се наоѓа и нашиот главен туристички центар – Охрид, кој се уште важи за потценетета туристичка дестинација, a за кого Conde Nast Traveler пишува:
„Сите знаеме дека Балканот е дом на некои прекрасни приморски места, но не треба да заборавиме на езерата во регионот! Едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, Охридското Езеро се протега низ Северна Македонија и Албанија. Истоимениот град Охрид на македонскиот брегот е совршена основа за одмор покрај езерото што ги комбинира слатководното пливање и сончањето со природата која предизвикува стравопочит (езерото често се нарекува „европски Галапагос“, благодарение на неговата густа биолошка разновидност) и византиска религиозна историја и архитектура.
По релаксирачко утро покрај водата на плажата Потпеш или Канео, талкајте по шармантните калдрми на градот заштитен од УНЕСКО. За историскo доживување, упатете се до црквата Свети Јован Канео или восхитувајте се на прекрасниот панорамски поглед од тврдината на Цар Самуил, пред да го откриете Античкиот театар. Срдечната локална кујна е она по што е позната “Вива Ксантика”, додека “Кај Каневче” е омилен кога станува збор за рестораните на брегот. Ако имате малку повеќе време, скокнете на патување со брод пo езерото до волшебниот манастир Свети Наум.“ – Е.М.
Освен Охрид, на листата се наоѓаат и:
1. Трондхејм, Норвешка
2. Тирана, Албанија
3. Замора, Шпанија
4. Трогир, Хрватска
5. Опатија, Хрватска
6. Нарбон, Франција
7. Петворд, Англија
8. Солун, Грција
9. Корк, Ирска
10. Гдањск, Полска
11. Трст, Италија
12. Мостар, БИХ
13. Фалстербо, Шведска
14. Инсбрук, Австрија
15. Вилнус, Литванија
16. Рига, Латвија
17. Тбилиси, Грузија
18. Вила Реал де Санто Антонио, Португалија
19. Берн, Швајцарија
20. Лил, Франција
21. Апингедам, Холандија
Поопширно за секој од наведените градови на листата може да прочитате ОВДЕ.
Овие градови не се туристички извикани места и мека за преценети услуги кои им се нудат на туристи, а сепак имаат што да понудат и помалку да го оптеретат вашиот буџет, па можеби во оваа листа се наоѓа вашата следна дестинација за посета.