Заштитниот знак на Бразил – Статуата на Исус Христос Спасителот е осветлена со знамиња на сите земји во светот кои во моментов се борат со Корона вирусот (COVID-19), а и целата земјина топка.
На левата рака на статуата е прикажано и македонското знаме.
Статуата на Исус Христос Спасителот (Estátua de Jesus Cristo Redentor) се наоѓа на ридот Корковадо покрај градот Рио де Жанеиро во Бразил, на 709 метри надморска височина и е висока 38 метри. Изградена е во 1931 година, од армиран бетон и метаморфна карпа, а за нејзината изградба биле потребни пет години.
Денеска е една од најпосетуваните туристички атракции во светот, а во 2007 година беше прогласена за едно од новите седум светски чуда.