Европскиот центар за контрола и превенција од болести (European Centre for Desease Prevention and Control) секој четврток објавува карта со моментална состојба на вирусот Covid-19 во земјите членки на ЕУ, Велика Британија, Норвешка и Исланд.
Оваа карта служи за подобро усогласување на препораките, а земјите се класифицираат според два критериума: број на новозаразени лица на 100.000 жители во текот на последните 14 дена и број на позитивни тестови во зависност од тоа дали бројот е повисок или понизок од 4%.
По последната промена на картата извршена на 12 Ноември – скоро сите држави на ЕУ преминаа во црвена зона, освен Норвешка и Финска кои се во портокалова зона, како и единствениот дел на мапата кој е обележан со зелена боја во близина на Хелсинки во Финска – тој е моментално единствена зелена оаза во ЕУ.Во сите земји во ЕУ секојдневно се зголемуваат мерките за претпазливост, како задолжително носење на маски на отворено, но и во затворен простор, воведување полициски час и карантин.
Неделното ажурирање на мапата може да го следите на овој ЛИНК.