Photo: facebook

Грција полека се подготвува за летната сезона, па таму веќе започнаа да превземаат заштитни мерки против ширење на пандемијата од Covid-19.

Првите лежалки заградени со ѕидови од плексиглас се веќе поставени на плажата на хотелот “Suites of Gods” во Периса на островот Санторини, а дополнително корисниците на лежалките ќе имаат на располагање и пешкири и душеци за една употреба и средство за дезинфекцијa.

Сопственикот на хотелот – Charlie Chahine за тв станицата ANT1 денеска изјавил дека до оваа идеја дошле откако ја виделе во странство, а целта им е гостите да се чувствуваат безбедно додека престојуваат на плажата. Лежалките се поставени во сет по две, а одвоени се од друг сет лежалки на растојание од 4 метри. Сепак, сеуште чекаат финални инструкции од властите во Грција.

Според последните најави, плажите во Грција треба да се отворат за посетители во средина на месец Јуни.