Уникатни мурали на жени во канали со вода, насликани на ѕидови на напуштени и руинирани објекти може да се видат во Њујорк. Сите тие се дела на уличниот уметник Шон Јоро (Sean Yoro aka Hula), кој овие неверојатни мурали ги црта застанат или седнат на даска за сурфање, на која знае одлично да избалансира дури и со лименките за боја на даската.

Роден на Хаваи, Јоро израснал со сурфање на вода и љубов кон графити и тату (тетоважи) уметноста. Во 2015 година се преселил во Њујорк каде започнал да ги црта овие мурали на жени. На муралите најчеста тема се жени кои излегуваат од водата, но поретко црта и ликови на деца. При сликање користи само нетоксични бои со природни пигменти. Освен овие мурали, тој слика и на платно, па неговите дела, освен во овие канали во Њујорк, може да се видат и во уметнички галерии низ светот.