На рид со поглед кон океанот во градот Отучи во североисточна Јапонија, се наоѓа телефонска говорница позната како „Телефон на ветрот“.

Во белата телефонска говорница има црн телефон кој не е поврзан со ништо, но луѓе доаѓаат во говорницата за да им се јават на своите најблиски, исчезнати за време на цунамито во 2011 година, кое беше предизвикано од силен земјотрес.

Оваа телефонска говорница ја изградил Итару Сасаки во својот двор за да полесно се справи со својата тага, откако во 2010 година остана без својот братучед, па телефонот го користел за да “комуницира” со својот починат роднина. Набрзо откако ја направил оваа говорница, се случило цунамито во кое настрадале над милион луѓе и од кое бил погоден и неговиот град. Па така, луѓе од градот започнале да ја посетуваат говорницата за да комуницираат со своите настрадани роднини и пријатели.

Итару Сасаки ги отворил вратите на телефонската говорница за сите луѓе кои доаѓаат и од далечни места за да се справат со својата тага, станувајќи еден вид на аџилак за луѓето кои се обидуваат да се справат со смртта на најблиските.