Дали сте слушнале за природниот феномен наречен “Sea sparkle” (Noctiluca scintillans), кој се појавува во океаните, при што водата добива неонска сина или неонска зелена боја?
Океанот вака блеска како ѕвездите на небото, благодарение на хемискот процес познат како биолуминисценција, кој им овозможува на живите суштества во водата да произведуваат светлина во своето тело.
Некои видови на риби, лигњи, ракчиња и алги произведуваат биолуминисценција за да ги збунат предаторите, за да привлечат плен, па дури и за да привлечат партнер.
Ние луѓето може да бидеме сведоци на овој природен феномен кога има многу биолуминисценција во водата, а тоа е најчесто кога цветаат алги на планктони. Биолуминисцентното море започнува да свети кога ќе се вознемири од кршење на брановите или од прскање во водата во текот на ноќта.
Оваа несекојдневна глетка е на листата на многу фотографи и туристи, а може да се види скоро секаде во светот долж морските крајбрежја, во плитки делови кои добиваат многу светлина, со што се поттикнува растот на фитопланктонот кој сочинува голем дел од “Sea sparkle” феноменот.