Со приближување на летото, Италијаните кои веќе подолг период се во карантин заради пандемијата на COVID-19, започнуваат да размислуваат за летен одмор. Ако се намалат мерките за ограничување на движењата за време на летниот период, дали ќе им биде дозволено да одат на плажа и ако е така, како ќе изгледа новата реалност?
Компанијата “Nuova Neon Group Due” од Модена во Италија, кои веќе имаат изработено заштитни екрани од плексиглас за аптеки и банки, претставија предлог решение за ново уредување на плажите, како превентивна заштита од ширење на вирусот, коe ја шокира пошироката јавност.
Компанијата предлага транспарентни кутии изработени од плексиглас со ѕидови високи 2 метри и ширина на секоја страна од 4,5 метри, со отворен горен дел.
Но, овој предлог не доби позитивни критики од Претседателот на корпорацијата на чувари на плажите во Римини, Мауро Вани кој изјави: “Сакам да видам кој би се затворил во ваква кутија, помеѓу четири ѕида од плексиглас под жешко Сонце. Вака само ќе ги умреме посетителите од дехидрација. Секој што доаѓа на море, сака да остане на отворено, а не во кутија која изгледа како кокошарник.”