Photo: Etihad Airways' Facebook page

Вакцинацијата против Covid-19 започнува да се применува скоро во сите држави во светот, па веќе ја имаме и првата авиокомпанија која соопшти дека ги вакцинирала сите свои вработени против овој смртоносен вирус.

Etihad Airways со седиште во Абу Даби, денеска се пофали на својата веб страна и  Фејсбук профил дека се прва авиокомпанија во светот која вакцинира 100 % од своите вработени, т.е сите пилоти и кабинскиот екипаж.

Оваа авиокомпанија сообраќа и од Скопскиот Интернационален аеродром со редовната авионска линија Скопје – Белград.

Инаку, Singapore Airlines се надевала дека ќе биде првата авиокомпанија која ќе ги вакцинира сите свои вработени, но е надмината од Etihad Airways.