Сензационални се видеата кои неодамна се појавија во јавност од највисоката лулашка во светот и никого не оставија рамнодушен. Оваа лулашка сеуште не е официјално отворена за посетители, заради пандемијата која го зафати целиот свет и засега само се тестира.
Се наоѓа во југозападна Кина, во националниот парк Лонгганг, со фасцинантен поглед на џиновскиот кањон Чокгкинг.
Екстремното возење е на лулашка која се состои од 100 метри висок лак и кула за лансирање висока 108 метри. Лакот е обоен во боите на виножито. Под лулашката има 3D под насликан со илузија на водопад.
На лулашката може да се лулате со 80 км/час што ја прави и најбрза лулашка од овој вид, а висите во воздухот и до 70 метри оддалечени од тлото.
Лулашката може да издржи грмотевици, земјотрес со јачина од 10 степени и ветрови со сила на ураган на Beaufort скала до 12.
Откако ќе биде и официјално отворена, ќе конкурира во “Гинисовата книга на рекорди” за највисока лулашка во светот. Моментално највисоката лулашка во светот е висока “само” 88 метри.
Дали би се осмелиле да се качите на оваа лулашка ?