Photo: A.Petrovska

Оптимистички вести доаѓаат од Грција – дека сепак оваа година нема да биде пропадната летната сезона.

Грција полека ќе започне да се враќа во нормала после 4 Мај, па туристичката сезона планираат да ја започнат во периодот од 15 јуни до 1 јули, со што нема да биде дозволен влез за туристи од сите држави во светот, туку ова ќе важи за туристи кои доаѓаат од земјите кои добро се справуваат со вирусот Covid-19. Ова го изјави портпаролот на грчката влада – Стелиос Пецас, за кој најголем проблем за економијата на државата е туризмот, кој оваа година нема да ги оствари истите приходи како минатите години. Во 2019 година Грција ја посетиле 33 милиони туристи.

Државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис изјави дека постепено, секоја недела ќе имаат по едно отварање:

„Ќе ги отвориме трговските продавници, училиштата, кон средината на јуни отвараме врата за туристите, но внимателно. Ќе дозволиме влез на туристи од региони кои имаат стабилни бројки во борбата со пандемијата. Нашата цел е туризмот да се активира, под услов да се заштити јавното здравје и да се прават неопходните контроли за да можеме да го грантираме нивото што го имаме денес. Сакам да потенцирам дека благодарение на направените напори, нашите туристички дестинации останаа незаразени, немаме многу големо ширење на вирусот на нашите туристички дестинации и ова ни создава надеж, но и многу голема одговорност да го задржиме ова ниво.“