Photo: Инстаграм @jacquemus

Оваа година ниту модната индустрија не е поштедена од пандемијата на Covid-19, па модните дизајнери и модните куќи пронаоѓаат иновативни начини како да се прилагодат на мерките за препазливост од ширење на вирусот.

Па така, модниот дизајнер Simon Porte Jacquemus оваа година одржа модна ревија за колекцијата Пролет/Лето 2021 во поле со пченица, во близина на Париз. Змијулест дрвен под долг 600 метри и поставен сред поле со пченица беше модна писта по која чекореа моделите. Социјална дистанца беше испочитувана така што посетителите седеа на столчиња во полето веднаш до пистата, еден од друг прописно оддалечени.

Колекцијата насловена “L’Amour” дизајнерот ја посветил на својот вреден тим и иако претставена пред многу помалку публика отколку што првично било замислено, сепак успеале успешно да искомбинираат одржување на социјална дистанца и модна драма.

Погледнете како изгледаше модната ревија во полето со пченица:

Инаку, ова не е прва модна ревија на Jacquemus одржана во поле, колекцијата за Пролет/Лето 2020 ја претставил во поле со расцветана ЛАВАНДА.