Цветањето на јапонските цреши е една од најубавите сезонски глетки во градовите каде виреат овие дрвја. Но, сепак најубавото цветање на јапонските цреши може да се види и доживее во Јапонија, од каде секоја година ни пристигнуваат најспектакуларните, розево расцветани фотографии.
Ако оваа пролет планирате патување во Јапонија, разгледајте ја мапата на цветање на јапонските цреши, секако е нешто што не би требало да го пропуштите. Цветањето започнува од југ и се движи кон север на Јапонија. Оваа година цветањето на црешите започнува од средината на месец Март, па се до почеток на месец Мај.
Во прилог и неколку фотографии од овие спектакуларни глетки: