Photo: Facebook

Една од најлуксузните згради во светот Porsche Design Tower се наоѓа на Sunny Isles плажата во Мајами на Флорида, САД. Ова е прва зграда која ја има изградено Porshe и со која Мајами дополнително доби луксуз и популарност.

Зградата е висока 196 метри и има 60 катови, а својата популарност ја постигна пред година дена, откако повеќе светски медиуми јавија дека еден од најдобрите светски фудбалери Лионел Меси купил стан во неа. Па така, отсега шетајќи низ Мајами може да налетате и на Меси.

Лионел Меси ќе ужива во луксузен стан од 330 м2, вреден 8 милиони долари, со поглед кон океанот. Становите имаат приватен базен, ресторан со тераса, отворено спа со џакузи и фитнес центар, но она што оваа зграда ја издвојува од другите луксузни згради е роботска гаража, која на сопствениците на становите им овозможува својот автомобил да го паркираат директно пред својот стан.

Погледнете како изгледа луксузната Porsche Design Tower: