Националниот парк Кругер во Јужна Африка, како и многу други места во светот, овој период е затворен за посетители, па дел од вработените се сведоци на несекојдневна глетка.
Бидејќи нема посетители, животните во овој парк сега слободно шетаат и одмараат по улиците, кои првенствено се наменети за автомобилите со кои туристите го шетаат паркот при набљудување на животните.
Ренџер од паркот направил прекрасни, но невообичаени фотографии од група лавови како спијат на празна улица, одмарајќи од секојдневните гужви, сега уживаат во мирот и тишината во паркот.
Инаку, Националниот Парк Кругер е најголем сафари парк во Јужна Африка, кој се простира на површина од 19.486 km² и е едно од најголемите заштитени подрачја во Африка. Во него живеат огромен број на животни, птици, инсекти и има разновидна вегетација. Секако, тука може да се видат и петте најбарани животни на сафари турите (Big5): лав, леопард, носорог, слон и бафало.
Репортажа за сафари во Јужна Африка може да прочитате на следниот линк: