Компанијата за крстарења “Costa Cruises” го објави најпредизвикувачкиот повик за сите чокохоличари – крстарење со чоколадна тематика, под знамето на бродот Еurochocolate cruise ship. Во соработка со “Интернационалната изложба на чоколадо” (International Chocolate Exhibition) , оваа компанија ќе организира крстарење низ Европа кое ќе содржи настани поврзани со чоколадо, како на бродот така и надвор од него, во градовите каде ќе се закотвува бродот.
“Интернационалната изложба на чоколадо” постои од 1994 година и организира бесплатни настани во повеќе градови низ Европа за деликатесот кој сите го знаеме и обожаваме, а притоа привлекува околу милион посетители.
На Eurochocolate крузерот патниците ќе може да присуствуваат на разни дегустации, работилници (master classes) и екскурзии во кои главниот акцент ќе биде ставен на чоколадото, а голема чоколадна скулптура ќе им посака добредојде на патниците на влезот на бродот.
Ова слатко патување својот пат ќе го започне од пристаништето во Чивитавекија во Италија на 16 Април 2020 година со прво закотвување во Џенова, па ќе продложи кон Барселона и Палма де Мајорка во Шпанија, потоа кон Малта и Катанија во Италија.
Ако сте чокохоличар, веќе знаете кога и каде треба да го испланирате вашиот следен одмор.