Викенд – дигитална детоксикација во трејлер во национален камп по ваш избор, за кој потоа ќе добиете 1000 долари е предизвикот кој го постави Интернет-провајдерот “Satellite Internet” од САД.
Оној кој ќе го освои овој викенд (вкупно три ноќевања) не смее да користи никаква технологија 48 часа, што значи нема да може да им се пофали на пријателите како си поминува преку телефон, на Фејсбук, Инстаграм… но, ќе може да сподели детали од неговата авантура последната, третата вечер од престојот, кога ќе смее да искористи Wi-Fi од најблиската бензинска пумпа или да најде hotspot – место каде се фаќа бесплатен интернет.

Компанијата, исто така ќе ги покрие и надоместоците за изнајмување на трејлерот, гориво за него, како и храна за целиот престој.
Услов за учество: За ова бегство во национален парк без технологија може да аплицира секој кој има најмалку 25 години, да е квалификуван за работа во САД и да може да вози во која било држава низ која ќе треба да помине. Сè што треба да направите за да влезете во изборот за победник на овој предизвик е да го пополните формуларот кој се наоѓа на web страната на “Satellite Internet” до 23 септември 2020 година, кога ќе биде објавен и победникот.