Внимавајте ако во скоро време планирате да патувате во авион со мало дете – научете го и навикнете го на носење маска на лицето, за да не ви се случи истото како на овие родители со 2-ипол годишно дете.
Млада мајка од Америка, Елиз Орбан сподели видео на Инстаграм во кое со солзи во очите раскажува како нејзиното семејство било исфрлено од лет на авио компанијата “United Airlines”, пред да полета авионот од Кливленд за Њујорк, бидејќи не можеле да ја натераат нивната 2-ипол годишна ќерка да стави маска на лицето. На видеото е прикажано и како таткото се обидува да ја намести маската на лицето на девојчето, но безуспешно.
Но, во правилникот на авио компанијата јасно е наведено дека во текот на летот задолжително е сите патници, на возраст од две години па нагоре, да носат маска или прекривка на лицето без отвори, која ги покрива носот и устата.
Од компанијата по повод овој инцидент изјавиле дека “здравјето и безбедноста на нашите вработени и нашите клиенти се наш најголем приоритет, заради што имаме правило за задолжително носење на маски за лице на сите патници од двегодишна возраст па нагоре.” Исто така, авио компанијата започнала истрага за овој инцидент, го контактирале семејството и веќе им ги рефундирале парите за билетите и им го вратиле багажот.
Ова не е ваков прв случај откако започна пандемијата, во јавност имаат излезено повеќе вакви инциденти каде што возрасни патници одбиваат да носат маска, се расправаат со стујардесите заради маските и каде што останатите патниците се степале со патник без маска.
Но, правилата треба да се почитуваат, а докажано е дека и деца од најмала возраст се преносители на вирусот Covid-19, па колку и да е непријатно, сепак оправдани се барањата на авио компаниите во кои услов за патување во авион е носење на маска од двегодишна возраст па нагоре.
Видеото на мајката Елиз Орбан на Инстаграм може да го погледнете ТУКА.
Како се шири вирус во авионска кабина може да погледнете овде: