Ако оваа 2020 година планиравте да го посетите светиот град Ерусалим, тоа нема да може да го направите ни во втората половина од годината, се до Декември. Ерусалим е тешко погоден од пандемијата на Covid-19 и со најголем број на заразени жители е главно жариште на овој вирус во Израел.

Оваа одлука тешко ќе се одрази на економијата и туристичката индустрија на Ерусалим, воопшто и на Израел, бидејќи во последните неколку години овој град го посетуваат околу 5 милиони туристи, а во 2018 година беше избран за една од најдобрите туристички дестинации во светот.

Туристичката индустрија во Ерусалим остварува 360 милиони долари годишно, со над 20.000 работни места и над 2000 туристички фирми.

Но, ова нема да биде прва ваква кризна година за Ерусалим, со истиот проблем се соочуваше и на почеток на 2000-те години, заради палестинските терористички напади.

Како мерка за зачувување на туристичката индустрија, Ерусалим ќе понуди поволни туристички аранжмани за домашните туристи, за да ги спречи да излегуваат од земјата и наместо тоа, парите да ги трошат во својата држава.

Додека траат рестрикциите за посета на Ерусалим, може да прочитате за неговите туристички атракции и за Мртвото море на следниов линк:

Светиот град – Ерусалим