По наглото зголемување на бројката на заразени со Covid-19 во нашата држава, Бугарија реагираше со нови, построги мерки за македонските државјани при влез во оваа земја.
Бугарското Министерство за здравство издало наредба за задолжителен 14-дневен карантин за сите лица кои од Македонија ќе влезат во Бугарија. Ова е по предлог на Главниот државен здравствен инспекторат на Бугарија, кој следува по оценката за состојбата и ризикот од ширење на вирусот.
Оваа мерка пак се укинува за лицата кои пристигнуваат во Бугарија од Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Извор: БГНЕС