Ако имате направено резервација за сместување преку Airbnb.com за наредниот период, ќе може да ја откажете и притоа ќе ви биде рефундиран целиот платен износ.
Директорот на “Airbnb”, Brian Chesky изјави дека компанијата затекната од случувањата со пандемијата на Корона вирусот (COVID-19) , решила да ја обнови полисата за резервациите, при што гостите може да побараат целосно рефундирање. Airbnb не сака корисниците да се чувствуваат дека не можат да патуваат поради губење на средствата.
Оваа полиса одговара на досегашните резервации за сите места во светот, направени пред 14 Март 2020 година, со датуми на напуштање на сместувачките капацитети помеѓу 14 Март и 14 Април 2020.
Исто така, Airbnb се свесни дека домаќините на издавачките капацитети зависат од парите кои ги заработуваат преку оваа команија и дека дури 50% од нив со тие парични средства отплаќаат кирија или кредит и затоа веќе работат на идеи за поддршка на домаќините и набрзо ќе ги објават новите мерки.