Светската туристичка организација (UNWTO) сподели извештај во кои се проценува дека 96% од дестинациите во светот се под одредена забрана за патување, со што туристичкиот сектор е доведен во опасност и криза. Генералниот секретар на UNWTO Заруб Пололикашвили изјави дека ” Covid-19 влијаел на патувањата и туризмот како ниеден друг настан во историјата”.

Сите држави (100%) во Африка, Азија и Блискиот Исток во моментов имаат ограничено движење, додека во Европа таа бројка е 93% од државите, а во Америка е 92%.

44% од државите во светот имаат воведено забрана за влез од одредени земји.

Државите од ЕУ своите граници ќе ги имаат затворени до 17 Мај 2020, но можно е пролонгирање на оваа мерка, во зависност од ширењето на вирусот.

Повеќе држави, како на пример Грција, разгледуваат опции како би можел да функционира туризмот ова лето и дали воопшто може летната сезона да трае од Јули до Септември, но сеуште нема никакви конкретни информации за мерки кои би можеле да се превземат. Едно е јасно – дека туризмот оваа година ќе претрпи огромни загуби, што ќе доведе и до застој на економскиот раст.